Балкан
2. January 2018 - 15:06

Харадинај му ја зголеми платата на Тачи за 580 евра

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој двојно си ја зголеми платата пред новогодишните празници, донел одлука за зголемување на платата и на шефот на државата, Хашим Тачи за 25 отсто.

Од 2.906 евра, Тачи од овој месец ќе зема месечна плата од 3.635 евра.

- Врз основа на законот за Претседател, Тачи не може да има пониска плата од претседателот на Парламентот, Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај, пишува весникот „Фјала“.

Со законот е предвидено „платата на претседателот на државата секогаш треба да биде најмалку 25 отсто повисока од вкупните примања на претседателот на Парламентот на Косово и раководители на другите институции“.

Според весникот актуелната плата на Весели е 2.325 евра. Сега истата е повисока за 581,25 евра и изнесува околу 2.906 евра.

Премерската плата сега изнесува 2.950 евра, на вицепремиерите 2.500, а на министрите по 2.000 евра.

Оваа одлука како незаконска ја оценија граѓанските организаци, но и опозициските политички партии. 

Ново на Сител