Харадинај ќе ја покани Брнабиќ да го посети Косово во април

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави дека неговата српска колешка Ана Брнабиќ ќе биде меѓу поканетите да го посети Косово на почетокот на идниот месец, заедно со претседателите на влади на другите земји од регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според пишувањето на „Коха Диторе“, Харадинај настојува да организира во Косово средба на која премиерите на земјите на Западен Балкан ќе разговараат за процесите на евроинтеграциите во регионот.
Меѓу гостите планирано е да биде поканет и комесарот за добрососедство и проширување на Европската унија Јоханес Хан.
Намерата за организирање на средбата косовскиот премиер ја изнел на вчерашната седница на Владата, пишува приштинскиот весник.
– Би побарал согласност од вас на почетокот на април да ги поканам премиерите на Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, како и, се надевам, на Хрватска и Босна и Херцеговина, а – доколку дојде – и премиерката на Србија, но верувам дека е тоа малку тешко, изјавил Харадинај.
Речиси две децении по завршувањето на војната во Косово, ниту еден српски премиер не ја посетил земјата на покана од државниот врв во Приштина.
Ново на Сител
-

Eпилепсија, вртоглавици, моторни оштетувања: Симптоми на пост-западнонилски синдром
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
