Харадинај кандидат за премиер од коалицијата АБК и СДП

Предизборната коалиција на Алијансата за иднината на Косово (АБК) и Социјалдемократската партија (СДП) го номинираше Рамуш Харадинај за заеднички кандидат на претстојните парламентарни избори во Косово.
Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Харадинај, истакна дека на списокот на кандидати за пратеници во седмиот состав на косовското собрание се наоѓаат луѓе кои ќе ја зајакнат економијата на Косово.
– Нашите кандидати ќе направат напори за зголемување на вработеноста. Овие се луѓето кои ќе го направат Косово земја со еднакви можности, рече Харадинај.
Во своето обраќање на церемонијата за именување, Харадинај уште еднаш повтори дека даноците од сто проценти на стоките од Србија ќе останат во сила се додека Белград не ја признае независноста на Косово, пренесува РТК2.
Лидерот на СДП Шпенд Ахмети рече дека за натамошен развој на Косово потребно е знаење, храброст и посветеност.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
