Харадинај им изрази сочувство на тие што се залагаат за промена на границите
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека идејата за корекција на границите е „мртва“ и им изрази сочувство на тие што се залагаа за размена на територии со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Изразувам сочувство за таа идеја за границите, бидејќи сметам дека е мртва, а истовремено изразувам и честитки, изјави Харадинај по денешната средба со писателката од Албанија Елена Кадаре, која ја одликува со орденот „Златна карта“.
Во обраќањето пред новинарите, косовскиот премиер изрази и оптимизам дека шенген-визите за граѓаните на Косово ќе се укинат до крајот на годинава.
Идејата за корекција на границата со Србија пред неколку месеци ја промовира косовскиот претседател Хашим Тачи, додека Храдинај решително се спротивставуваше на такво решение за споровите меѓу двете земји.
Решението со размена на територии има поддршка и од српскиот државен врв, пред се од претседателот Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кои тоа го нарекуваат „разграничување со Косово“.
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленковиќ во Охрид, ќе бидат потпишани договори за стратешка соработка
-

Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници
-

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЦУК и УХМР
-

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ
-

Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
