Харадинај го осуди ранувањето на младиот Србин во Митровица

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, го осуди ранување на 18-годишниот косовски Србин, што се случи вчера попладне на мостот на реката Ибар, што го дели градот Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај на својата страница на Фејсбук ги повика правосудните органи бргу да го решат случајот и да ги казнат стрителите. „Најостро го осудувам случајот на тепачка и прободување на мостот на реката Ибар. Ги повикувам правосудните органи брзо да го расчистат случајот и да ги осудат сторителите со казна која ја заслужуваат. Косово е држава на сите свои граѓани и секогаш било пример на толеранција и различности. Ваквите акции се изолирани случаи и никогаш нема да го загрозат мирот и безбедноста во земјата“, порача Харадинај.
Во тепачка, што се случи вчера околу 18 часот во поделениот косовски град, засега непознати лица, за кои се тврди дека се од албанска националност, го избодеа со нож 18-годишниот Д.Б. од Северна Митровица, кој е пренесен во градската болница и е надвор од животна опасност.
По повод инцидентот се огласи и претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој рече дека овој случај покажува „колку е опасно да се отвори мостот на Ибар“. – Ова се лоши работи и лоши вести. Ова е причината поради која јас реков колку е опасно да се отвори мостот на Ибар, бидејќи желба на Албанците е северот на Косово и улицата „Крал Петар“ во Митровица, изјави Вучиќ.
Ново на Сител
-

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја
-

ИЈЗ: Уживајте во летото, но водете грижа за здравјето
-

ИЈЗ со препораки за заштита на лицата постари од 65 години за време на горештините
-

„Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија раскажани низ музика и сцена
-

Дваесет и пет години од од загинувањето на осумтемина бранители кај Љуботенски бачила
-

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија
-

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Младенов: Отфрлениот план од Нетанјаху за Газа е „единствениот пат по кој треба да се оди“
