Харадинај: Дијалогот со Белград треба да продолжи, но без условувања и одлагања
Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај вели дека се согласува дека е потребно нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, но смета дека за постигнување на таа цел е потребен дијалог без условувања и без одлагања, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај на Твитер повтори дека крајниот исход од тој дијалог меѓу Приштина и Белград треба да биде меѓусебното признавање на двете држави во рамки на постоечките граници.
– Се согласувам со неопходноста од нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Владата им го претстави на Квинта и на Европската унија нацртот на сеопфатниот договор во кој се опфатени незавршените теми за меѓусебно признавање во постоечките граници. Повторно нагласувам – дијалог без услови, без одлагања, порача Харадинај.
Амбасадите на петте највлијателни држави акредититрани во Приштина, Соединетите Американски Држави, Германија, Италија, Франција и Обединетото Кралство, познати како „Група Квинта“, побараа од Косово и Србија веднаш да го продолжат дијалогот за нормализирање на односите. Во вчерашното соопштение, кое во името на петте држави го објави Амбасадата на САД, од Приштина е побарано да ја укине таксата од 100 отсто на српскиот увоз, додека од Белград да престане со кампањата за повлекување на признавањата на независноста на Косово.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок