Харадинај: Демаркацијата на границата со Црна Гора може да се реши со арбитража

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека прашањето за демаркацијата на границата со Црна Гора мора да биде решено.
-За жал, условите не се во наша корист, а некои од јавноста во Косово веруваа дека е направена грешка кога е потпишан договорот. Како резултат на тоа косовскиот парламент се подели и не можат да се обезбедат две третини од гласовите потребни за ратификацијата, изјави Харадинај во гостувањето во емисија на косовската телевизија.
Тој рече дека сегашната влада гледа решение за проблемот во новоформираната комисија за утврдување на вистината за демаркацијата.
- Ако нешто не во ред во договорот Косово најверојатно ќе побара повторно преговори или арбитража, посочи Харадинај.
Црна Гора и Косово потпишаа договор за демаркација на границата во август 2015 годна во Брисел,но истата се уште не е ратификувана од косовскиот парламент. Поранешната опозиција,влучувајќи ја и партијата на актуелниот премиер Рамуш Харадинај, не се согласуваа тврдејќи дека Косово губи своја територија во полза на Црна Гора.
Првиот ден по изборот на новата влада,премиерот Харадинај, ја распушти претходната комисија задолжена за демаркацијата и формира нова.
За разлика од Косово, Црногорскот парламент веќе го има ратифкувано договорот и ова прашање за оваа земја е завршено.
Ново на Сител
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
-

ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
