Македонија
11. August 2022 - 12:18

Хаосот со скутерџиите во Охридското езеро продолжува и оваа сезона

Хаос во Охридското езеро. Скутерџиите и ова лето дивеат по плажите, иако има забрана и истите треба да возат на 200 метри од брегот дел од сопствениците не престануваат со лудориите. Тие се претежно малолетни лица, често необучени кои возат и без заштитни елеци и претставуваат опасност за капачите и уште повеќе за себеси.

Од охридската Капетанија на пристаништата велат дека се запознаени со проблемот, за безбедноста во пловидбата на целото езеро се грижи само еден инспектор, откако вториот неодамна заминал во пензија а дополнителен проблем претствуваат и новите пловила кои се далеку побрзи и ја загрозуваат безбедноста.

За непочитување на законот за внатрешна пловидба, ова лето поднесени се 25 санкции, од кои поголемиот дел на струшкото крајбрежје.

Од Капетанија на прстаништата велат дека токму несовесното однесување при управувањето со скутерите на вода било причина да се донесе одлука за ограничување на пловидбата за скутерите која стартува од 1 јули и трае до 31 август.