-->
-->
Хаос во Маџари: Се преврте пожарна, тројца пожарникари повредени
-->

Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се повреденини денеска откако противпожарното возило се превртело во скопската населба Маџари кај Триангла.
- Пожарникарите итно се префрлени во Ургентниот центар, контактибилни се и се прават детални анализи, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.
Екипата требало да интервенира на пожар во куќа во селото Арачиново. Таму била испратена друга екипа. Опожарена е куќа во Арачиново од 200 метри квадратни, покрив и еден кат.
Противпожарното возило од засега непознати причини се превртело.
Во тек е увид на местото на несреќата, а штетата дополнително ќе биде утврдена
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
