Хаос во кумановската болница: Нападната дежурната екипа
49-годишниот Ф.Л. и 20-годишниот М.Л. од Куманово заработија кривична бидејќи на почеток на месецов околу 04 часот и 50 минути во Ургентен центар во Куманово, грубо го навредувале и малтретирале дежурниот лекар барајќи лекарски преглед на пациентка, која одбивала да прими инекција за болки пред да биде прегледана.
Полицијата известува дека насилниците започнале вербална расправија со дежурниот лекар, во присуство на уште две медицински сестри, по што Ф.Л. со тупаница ја удрил по главата во предел на слепоочница нанесувајќи и телесна повреда и ја навредувал со разни вулгарни зборови, упатувајќи и закани по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство.
Во исто време М.Л. го превртел бирото пред кое седела докторката, при што се скршило и стаклото од бирото.
Ново на Сител
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина