-->
-->
Хаос пред судот во Струмица: Физичка пресметка меѓу полицајци и граѓани
-->
Повеќе лица учествувале во физичка пресметка на тротоарот пред влезот во Основниот суд во Струмица, претпладне околу 10:00 часот.
Настанот го потврдија од струмичката полиција. Оттаму информираат дека веднаш интервенирале полициски службеници и било спречено натамошно нарушување на јавниот ред и мир.
Додаваат дека полицијата работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Пресметката ја потврдија и од Основниот суд во Струмица.
Според портпаролката на судот, Мариета Дуќиќ, инволвираните во тепачката претходно биле на судење, а инцидентот се случил надвор од судската зграда, на тротарот пред влезот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се отстранува опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување кај Неготино
-
Јапонската цреша во чест на девет лица со оштетен вид
-
Таравари: Подготвивме програма од пет точки, ако се прифатливи за Владата ќе преговараме за кадровските решенија
-
Приведен малолетник од струшко, кај него пронајден гасен пиштол
-
Спасовски – Демерџиев: Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев
-
АД ЕСМ со највисоко дневно производство во последните 10 години
-
Тупанчевски: Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово
-
Орце Ѓорѓиевски - нов претседател на ЗЕЛС