Хант: Велика Британија сака да избегне Брегзит без договор
Владата во Лондон е решена во својот став да избегне истапување на Велика Британија од ЕУ без договор, изјави во Токио шефот на британската дипломатија Џереми Хант.
– Свесни сме на фактот дека Јапонија има бројни инвестиции што вработуваат стотици илјади луѓе во Велика Британија. Ние сакаме таа силна соработка да продолжи, изјави Хант на средба со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
Јапонија е еден од наголемите странски инвеститори во Велика Британија, каде јапонските фирми произведуваат возила и други стоки за широка потрошувачка, бидејќи ја сметаат земјата за врата за влез на пазарот на ЕУ.
Со евентуалното истапување на Велика Британија од ЕУ без договор и нерешени идни трговски односи со Унијата, земјата ќе ја загуби сегашната позиција, што во Лондон предизвикува стравување од можно повлекување на јапонските инвестиции и нивно префрлање во други европски земји.
За време на престојот во Јапонија, Хант ја посети и компанијата „Тојота Мотор“, која во соработка со „Сузуки“, планира да почне со производство на нов модел на автомобил во погоните во Велика Британија.
Ново на Сител
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија