Ракомет
9. јуни 2016 - 19:17

Хансен и Неагу најдобри ракометари за изминатата сезона

 
Данецот, Микел Хансен во машка и Романката, Кристина Неагу во женска конкуренција се прогласени за најдобри ракометари во изминатата сезона 2015/2016. 
 
Микел Хансен по втор пат е избран за ракометар на сезоната, ова престижно признание го зема од неговиот клупски колега од Париз Сен Жермен, Никола Карабатиќ. Покрај Хансен и Карабатиќ во конкуренција за наградата беа и хрватскиот репрезентативец Домогој Дувњак, голманот на Франција, Тјери Омејер и интернационалецот од Катар, Рафаел Капоте .
 
За Хансен ова е второ вакво признание откако Данецот и во  2011 година беше прогласен за најдобар.
 
Во женска конкуренција, романската ракометарка член на екипата на Будуќност, Кристина Неагу е прогласена за најдобра на сезоната. Нејзини конкурентки беа Хајди Локе, Нике Грот, Каролина Кудлач-Глок и Нора Мерк.