Ханделсблат: Можен оружен судир меѓу Хрватска и Словенија поради Пиранскиот залив
Можно е набрзо да се случи судир меѓу Хрватска и Словенија поради Пиранскиот залив, што може да има оружени карактеристики, објави германскиот весник Ханделсблат.
Весникот предупредува дека не е исклучена и употреба на полициска сила.
Како што се оценува, сите сигнали укажуваат дека следува „бурен период“ во хрватско-словенечките односи поради Заливот и дека не е исклучен ниту оружен судир.
Словенија планира да почне реализација на пресудата од Арбитражниот суд, според која на таа држава и припаѓаат две третини од Пиранскиопт залив.
- Тогаш словенечката полиција ќе ја преземе контролата врз нашето море, најави словенечкиот претседател Миро Церар.
Но, Хрватска ќе се спротивстави имајќи предвид дека арбитражата ја смета за ништовна.
Ханделсблат наведува дека ЕУ потрошила многу енергија за да ги натера Загреб и Љубљана на арбитражен процес, а тогаш Словенија наводно ги прекршила процесните правила поради што Хрватска во 2015 година отстапува од арбитражата.
Сепак, арбитражата продолжува и во конечната одлука Словенија подобро помина „на море“, а Хрватска – кога станува збор за копнената граница.
За време на католичките божиќни празници, голем број туристи се пожалиле на километарски колони на словенечко-хрватската граница.
Загреб смета дека станува збор за подметнувања од страна на Словенија со што би му наштетиле на туризмот, наведува германскиот весник.
Како еден од примерите за решавање на тој судир, весникот го наведува договорот меѓу Германија и Холандија за заедничко управување со заливот Доларт, но истакнува дека Словенија инсистира на спроведување на арбитражната пресуда и најавува меѓународна тужба против Хрватска доколку таа го блокира процес
Ново на Сител
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургијата во Стоби по повод 1700 од Првиот вселенски собор
-
Падна кран во Битола
-
ОЈО бара Арсовска да им презентира докази
-
Македонски тим од неврохирурзи и невролози добитници на 2-ра награда на Меѓународниот конгрес по невронаука | ФОТО
-
Приведен 42-годишник од Тетово, управувал со возило под дејство на алкохол
-
„Велт ем Зонтаг“: Бројот на натурализации во Германија достигна нов рекорд - речиси 250.000 во 2024 година
-
Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети
-
Џефри Сакс: „Четворицата мускетари“ нема да обезбедат воена победа за Украина