Хан: Секој да може да си го каже мислењето без страв од санкција

Се додека постојат етничките граници општествата во регионот нема да напредуваат. Ни треба една јавна сфера во која луѓето се активни, а медиумите се клучни елементи на една таква јавност. Да се завртиме повеќе кон реалноста и да видиме што може да се стори краткорочно и среднорочно за постепено да се смени и подобри ситуацијата во регионот, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во завршното обраќање до учесниците на дводневната конференција за слобода на медиуми што се одржа во Скопје.
- Понекогаш имам чувство дека зборуваме за идеален свет, речиси утопија што треба да се создаде, но тоа не е реално, не е можно. Треба да се развие ситуацијата во регионот. Се наоѓаме во извесен преоден период што треба да доведе до полноправно членство во ЕУ, дека процесот на проширување е процес, а не преговори. Не се тоа преговори за усогласување со законодавството. Се работи за спроведување на нашите вредности на духот на плурализмот, почитување на индивидуалните права, слобода на изразување. Се работи за независност на судството во регионот, а тука нема искуство за тоа, рече Хан.
Тој ја повтори уште еднаш пораката до граѓаните за претстојниот референдум во контекст на демократските вредности на плебисцитарното изјаснување.
- Овде за извесно време ќе има референдум и клучното прашање е излезеноста. Во една зрела демократија не треба да се работи воопшто за излезеноста, туку за исходот. Во една зрела демократија сите треба да се свесни и во најмала рака да го направат минимумот, а тоа значи да го дадат својот глас и да учествуваат. Тоа е најважното, рече Хан.
Според него, за да се зајакне демократијата да се гради на широка основа треба да се надмине размислувањето во црно-бело. Светот за среќа има повеќе нијанси од црната и белата боја. Еден од предизвиците на дигиталниот свет каде сите размислуваат во рамките на „да“ и „не“, поосчи Хан, не е општеството за кое ние се бориме.
- Треба да поработиме во балканските како и во други општества во светот да ја вкорениме таа ДНК на демократијата за секој да може да си го каже мислењето без страв од некаква санкција. Тоа е најважното и тука очекувам ваша поддршка и наши заеднички заложби да го постигнеме тоа чекор по чекор, порача до учесниците на конференцијата еврокомесарот за проширување.
Ново на Сител
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
-

Јавниот долг падна под 60% од БДП
-

Совет на Европа го затвори постмониторинг дијалогот со Македонија
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
