Хан: Секој да гласа без страв од санкција
На еврокомесарот за проширување името Северна Македонија му се допаѓа повеќе од кратенката ПЈРМ, но вели граѓаните сами ќе одлучат како ќе се вика државата во иднина. Според Хан успешен референдум е првиот чекор кон отпочнување на преговорите со Европската унија, но конченои членство Македонија мора да спроведе интензивни реформи.
Информирајте се и искористете го демократското право на глас и слободен избор, особено младата генерација. Одете да гласате и одлучете за можностите кои ви се нудат. Сепак каква одлука и да се донесете ЕУ ќе биде на ваша страна, рече Хан
Реформите ќе бидат во фокусот на Владата во следните месеци, вели премиерот Заев. до крајот на месецот, унијата ќе го стартува скрининг процесот, а Заев очекува отпочнување на преговорите за членство до јуни следната година.
До јуни ќе покажеме конкретни реформски чекори како владењето на правото, борбата против корупцијата и реформите во администрацијата, се со цел да ги отпочнеме преговорите за членство. Но сепак конечната одлука за ова ќе ја донесат граѓаните на 30 септември, истакна премиерот Зоран Заев.
Одговарајќи на новинарско прашање еврокомесарот Хан вели дека и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната средба му порачал дека референдумот не е момент за политички игри, бидејќи од исходот на 30 септември зависи идната на државата и безбедноста на целиот регион.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар