Македонија
4. November 2015 - 21:38

Хан: Процесот на преговори со земјите аспиранти ќе трае подолго

Кога зборуваме за проширувањето и се што е поврзано со него е дека се работи за процесот,  а не за преговори, а извештаите се важни во тој контекст, изјави еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан презентирајќи ги заклучоците од Третата Спик ап конференција во Брисел.
 
Тој нагласи дека е важно кога се зборува за проширување и се што е поврзано со него дека се работи за процесот, а не за преговорите.

- Ако се работи за преговори тогаш се работи за преземање на аки комунитер и толку. Кога мојата земја преговараше и требаа две години затоа што се разговарше за усогласување на правниот систем. Со Хрватска се преговараше седум години, а процесот со актуелните кандидати ќе биде уште подолг бидејќи искуството ни говори дека треба да се фокусираме на процесот, а не на преговорите. Не станува збор само за законски решенија, туку и за нивно спроведување,  рече Хан.

Кога има дискусија за поддршката и за тоа како се справуваме со сето тоа на Балканот, еврокомесарот порача дека ќе упатат специфични пораки за секоја од земјите, но поради сличните состојби нагласи, мора да се има и еден воопштен пристап.

-   Јас сум силен поддржувач на еволуција и развој и не размислувам за револуција. Но во контекст на тоа кој е духот на ЕУ сметаме дека се потребни промени со цел да се задржи тоа што е веќе постигнато. Од тука потребен ни е кредибилен развој во сите сфери на делување вклучувајќи ги и медиумите, рече Хан.

Во врска со ситуацијата на медиумскиот пазар, тој нагласи дека  се работи за општ феномен за разорувачка негативна ситуација за новинарите затоа што се надоврзува и економскиот притисок со кој се соочуваме насекаде и којшто има влијание и врз слободата на медиумите воопшто и во ЕУ. За Западен Балкан нагласи, дека во регионот има  мали земји со мал пазар, а ограничен број меѓународни компании во регионот кои се активни..

-     Сето ова е поврзано и има ефекти. Затоа треба да продолжиме со нашата дискусија и надвор од слободата на изразување и медиумската слобода. Секогаш се обидувам да ја истакнам врската меѓу основните права и владеењето на правото, медиумите се тука инетгарлен дел од ова, но и економскиот перформанс и економската привлечност на една земја.  Доколку сте во можност да привлечете нови меѓународни компании и нови инвеститори и да сеоздадете чувство и реалност во која младите ќе можат сами да основаат компании при тоа да гарантирате и независно судство ќе има и слобода на медиуми. Треба да ја гледаме големата слика, рече еврокомесарот Хан.

На конференцијата организирана од ЕК учествуваа новинари, медиумски аналитичари, законодавци од земјите аспиранти како и експерти од меѓународни регионални и национални организации кои се залагаат за промовирање на слободата на изразување кои дебатираа за достигнувањата и престојните предизвици во медиумската сфера на Западен Балкан и во Турција. Форумот е во контекст на поставувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување како приоритети во процесот на пристапување, а заклучоците од конференцијата ќе бидат референтни точки за полињата на кои треба да се работи и за дефинирање на политиките и асистенцијата на ЕУ во овој сегмент на евроинтеграцискиот процес.