Хан: На Турција наскоро ќе и бидат дадени 300 милиони евра за образование на бегалците

Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан најави денеска дека ЕУ кон крајот на месецов ќе потпише договор во вредност од 300 милиони евра со турското Министерство за образование со цел да помогне во школувањето на околу три милиони бегалци, колку што во моментов живеат во Турција.
Хан, по денешниот состанок со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу и турскиот министер за европски работи Волкан Бозкир изјави дека парите кои ги вети ЕУ, ќе и бидат дадени на Турција до крајот на следната година.
Турција и ЕУ, исто така, денеска постигнаа договор за намалување на тензиите кои ги загрозија шансите на Анкара да се приклучат кон Унијата, а до кои дојде после неуспешниот обид за воен пуч на 15 јули. см/ссм/16:03
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
