Хан: ЕК ќе препорача отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан изрази увереност дека Европската комисија кон крајот на мај ќе препорача отворање на преговорите со Северна Македонија и со Албанија.
Во интервју за „Ханделсблат“, Хан вели дека препораката ќе биде донесена врз основа на критериумите заеднички договорени од страна на земјите во ЕУ. Одлуката потоа ќе биде предадена на самите членки.
Хан нагласува дека Скопје и Тирана го заслужија отворањето на преговорите, што беше одложено во јуни минатата година.
– Историскиот договор за ставање крај на спорот за името со Грција и договорот за пријателство со Бугарија се охрабрувачки сигнали до целиот регион дека се можни решенија за долготрајните спорови. Северна Македонија исто така постигна добар напредок кога станува збор за внатрешните реформи. Земјата заслужува зелено светло за почеток на пристапните преговори што е можно порано – пред летната пауза, изјави Хан.
Што се однесува до Албанија, комесарот Хан верува дека земјата, исто така, заслужува почеток на преговорите поради внатрешните реформи, особено реформата во судството, но оти треба да се справи со проблемите со корупцијата и организираниот криминал.
– Непризнавањето на објективно постигнатиот напредок би имало драматични последици за земјите-кандидатки и целиот регион … Каква мотивација ќе имаат земјите од Западен Балкан да спроведат тешки реформи или да ги решат билатералните спорови, како онаа меѓу Србија и Косово, ако не можат да направат понатамошни чекори на патот кон ЕУ, забележува Хан во интервјуто за „Ханделсблат“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024