Хан: ЕК има намера да и даде чиста препорака на Македонија
Намера на Европската комисија е да даде чиста препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија, но конечната одлука за тоа ја даваат сите земји членки, вели во интервју за Нова ТВ еврокомесарот за проширување и добрососедство Јоханес Хан.
За спорот со Грција, што го блокира нашиот пат кон ЕУ, Хан вели дека ЕУ прави се да ги олесни билатералните разговори меѓу Скопје и Атина.
- Важно е колегите од Скопје и Атина да седнат на заедничка маса, да градат доверба и да најдат решение. Односите меѓу двајцата министри за надворешни работи се добри, како и меѓу двајцата премиери и јас сум оптимист дека ќе можат да најдат трајно и оддржливо решение, вели Хан.
Во врска со Стратегијата за Западен Балкан, што денеска беше презентирана во Стразбур и Брисел, Хан вели дека со неа им се дава јасна перспектива на зејмите од регионот за тоа дека местото им е во ЕУ.
- Страгегијата е патоказ за следните три години, во шест различни области, за кои се предложени 57 конкретни проекти во економскиот развој, владеење на правото, дигитализацијата, директните контакти меѓу граѓаните..., објаснува еврокомесарот.
Според него, доколку Македонија успее да го направи следниот чекор кон евроинтергациите и почне преговори со ЕУ тоа ќе и донесе инвестициски бум, посочувајќи ја како пример соседна Србија.
Во врска со реформите во Македонија забележува дека тие се доста бавни и оти е потребно нивно интензивирање. Се надева дека кога станува збор за националниот приоритет како што е европската перпсектива за нејзино остварување активно ќе се вклучи и опозицијата.
- Сите партии потврдија дека ја поддржуваат евроинтеграцијата на земјата и затоа очекувам национален консензус за тоа, изјави еврокомесарот Јоханес Хан.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице