-->
-->
Хампитон прв на стартот на италијанското Гранд при
-->
Британецот Луси Хамилтон ќе започне од пол-позицијата на утрешната трка во Формула 1 шампионатот која ќе се вози за Големата награда на Италија.
Откако поради дожд квалификациите на патеката Монца беа во прекин повеќе од два часа, Британецот во продолжението оствари најдобар резултат, со што се избори за пол-позицијата вкупно 69-та во кариерата со што го мина легендарниот Михаел Шумахер.
Веднаш зад Хамилтон, квалификациите ги завршија возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо, но бидејќи и двајцата ги менуваа моторите на своите болиди, ќе бидат казнети, па од втората позиција ќе стартува Ленс Строл од Вилијамс.
Од вториот ред трката ќе ја започнат Естебан Окон од Форс Индија и Валтери Ботас (Мерцедес), додека возачите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел, ќе бидат во третиот ред на домашната патека.
Во пресрет на оваа трка лидер во Генералниот пласман е Фетел со 220 бодови, само седум повеќе од Хамилтон, а по нив следуваат Валтери Ботас (Мерцедес) 179, Дание Рикардо (Ред Бул) 132 и Кими Раиконен (Ферари) 128 бода.
Стартот на утрешната трка за италијанскот Гранд при е закажан за 14 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска
-
Николоски: Имаме јасна цел извозот во Велика Британија да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од три милијарди евра
-
Утре без вода дел од скопските општини Гази Баба и Карпош