Хамонд: Брегзит може да се случи дури во 2022 година
Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд предупреди дека напуштањето на Велика Британија на Европската унија може да се случи дури во 2022 година.
Дејли телеграф пренесува дека Хамонд објаснил дека преговорите за британското напуштање може да почнат кога ќе се активира Член 50 од Лисабонскиот договор и тој процес би траел две години, а за идни договори може да бидат потребни дополнителни 4 години.
Хамонд тоа го изјавил како одговор на лидерот на Шкотската национална партија, Алекс Салмонд дали преговорите за брегзит ќе траат повеќе од Втората светска војна.
– Доколку идниот договор меѓу Британија и ЕУ со 27 членки биде осмислен како договор со мешовита надлежност, ќе биде потребна негова ратификација во 27 парламенти. Најкусо време за тоа е нешто помалку од четири години. Тоа е се по времето потребно за преговарање за договорот, нагласува Хамонд.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом