Свет
13. July 2016 - 8:39

Хамонд: Брегзит може да се случи дури во 2022 година

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд предупреди дека напуштањето на Велика Британија на Европската унија може да се случи дури во 2022 година.

Дејли телеграф пренесува дека Хамонд објаснил дека преговорите за британското напуштање може да почнат кога ќе се активира Член 50 од Лисабонскиот  договор и тој процес би траел две години, а за идни договори може да бидат потребни дополнителни 4 години.

Хамонд тоа го изјавил како одговор на лидерот на Шкотската национална партија, Алекс Салмонд дали преговорите за брегзит ќе траат повеќе од Втората светска војна.

– Доколку идниот договор меѓу Британија и ЕУ со 27 членки биде осмислен како договор со мешовита надлежност, ќе биде потребна негова ратификација во 27 парламенти. Најкусо време за тоа е нешто помалку од четири години. Тоа е се по времето потребно за преговарање за договорот, нагласува Хамонд.