Хамилтон: Сосема сум сигурен дека Верстапен нема да ги повтори грешките од Гран прито во Бахреин
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон верува дека Макс Верстапен од Ред Бул ќе учи од поразот во Бахреин и дека на следните трки ќе биде подобар.
– Имавме среќа што Макс отиде широко во четвртиот свиок, но ова нема да се повтори, јас сум многу сигурен во тоа. Значи, ќе мора да се однесуваме подобро и попаметно, со оглед на тоа што сега немаме најбрз автомобил. Но, тоа е во ред – не ми пречи да извадам максимум од машината, рече Луис.
Со Хамилтон согласен е и клупскиот колега Валтери Ботас.
– Во моментов немаме најбрз автомобил, затоа треба да работиме совршено во секоја област. Секако, сакаме да го добиеме најдобриот автомобил, така што ќе продолжиме да работиме. Ако на зимските тестови ни беше речено дека двајцата возачи ќе влезат во топ 3, а еден од нив ќе победи на трката, тогаш, се разбира, би се согласиле на ова. Генерално, перформансите беа силни, но има работи што треба да се подобрат, дополни Ботас.
На првата трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот одржана минатиот викенд, победи Хамилтон, пред Верстапен и Ботас.
Ново на Сител
-
Делови од Центар и Гази Баба утре без вода
-
Кикбоксерите пример за промоција на крводарувањето во Македонија
-
Успешна кикбокс завршница на ВАКО светскиот кикбокс куп “Италија 2025”
-
Јанкуловски: Холокаустот е потсетник за страшните последици од нетолеранцијата, омразата и дискриминацијата
-
Ринкевичс: Европските земји мора да воведат задолжителен воен рок
-
Јанев: Размислуваме за повеќе мерки за безбедноста во сообраќајот, во владина процедура дел од законските измени за „Безбеден град“
-
Додик: Република Српска не може и нема да се откаже од своите позиции
-
Просечниот животен век на Кинезите достигна 79 години