Ф1
12. јуни 2017 - 8:37

Хамилтон победник, Фетел остана лидер по ГН на Канада

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Канада што се возеше на патеката во Монтреал. Тој го искористи хаосот на стартот од трката и си обезбеди предност, која без проблем ја сочува до крајот на трката. 
Фетел со многу проблеми стигна до четвртото место и остана без подиум првпат сезонава. Пред него се пласираа Валтери Ботас од Мерцедес и Даниел Рикардо од Ред Бул.
Во генералниот пласман по седум трки Фетел е лидер со 104 поени, пред Хамилтон со 104 и Ботас кој има 75, додека Кими Раиконен е на четвртото место со 67.
Следната трка се вози на 25.јуни за Големата награда на Азербејџан по улиците во Баку.