Фудбал
13. April 2023 - 17:55

Хамес Родригес го напушти Олимпијакос

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригес и Олимпијакос спогодбено го раскинаа договорот и тој повеќе нема да игра за грчкиот клуб, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Колумбиецот не ја оправда улогата на лидер на тимот, па поради ова раководството на клубот реши да ја прекине соработката.

Досега Родригес во Европа има настапувано за Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн и Евертон.