-->
-->
Хамбургер ги изненади „милионерите“
-->

Фудбалерите на Хамбург убедливо славеа над Борусија Дортмунд со 3:1, во првиот натпревар од 13.коло во Бундеслигата. Хамбург одигра одличен меч, максимално ги искористи своите шанси и заслужено стигна до петтата победа во првенството. Борусија пак го забележа третиот пораз во сезоната и доколку Баерн во недела победи во Гелзенкирхен, ќе има осум бодови помалку од баварскиот состав.
На „Волкспарк“ стадионот во Хамбург домашниот тим првиот гол го постигна во 19.минута, кога Пјер-Мишел Ласонга реализираше пенал. Претходно голманот Бурки го фаулираше Иличиќ.
Хамбург предноста ја удвои во 44.минута, кога совршената асистенција на Милер во гол ја претвори Холтби.
Борусија во вториот дел не успеа да се опорави од шокот, а поразот на својот тим го запечати капитенот Хумелс кој во 55.минута со глава постигна комичен авто гол.
До крајот на натпреварот Обамејанг го постигна почесниот гол за гостите. За напаѓачот на Борусија ова беше 15-от гол во првенството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
-

Штип ги награди своите најуспешни сограѓани
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
