Хамас и Фатах постигнаа договор за политичко помирување
Палестинските ривалски организации Хамас и Фатах постигнаа договор за политичко помирување, соопшти денеска лидерот на Хамас, Исмаил Ханија.
Деталите од договорот ќе бидат објавени на прес-конференција во текот на денот во Каиро.
Преговорите меѓу Хамас и Фатах почнаа во вторникот во Каиро.
Хамас уште на 11 септември соопшти дека е подготвена да преговара за помирување со Владата на палестинскиот претседател Махмуд Абас „без никакви предуслови“.
Во соопштението кое беше објавено по состанокот со египетските претстатвници во Каиро, Хамас посочи дека е подготвена да го распушти спорниот Комитет за управување со Газа, како што претходно бараше Абас.
Абас го запре снабдувањето на Газа со електрична енергија и ги намали платите на десетици илјади јавни службеници во обид да го принуди Хамас да го распушти Комитетот.
Хамас бараше од Абас да ги укине низата мерки преземени против исламистичката екстремистичка група пред да почнат преговорите за постигнување на договор за помирување.
Палестинскиот премиер Рами ал Хамдала, кој е член на Фатах, на почетокот од месецов го посети Појасот Газа, во рамки на обидите за помирување меѓу двете спротиставени палестински организации. Фатах има контрола врз Западниот Брег, додека Хамас повеќе од една деценија го контролира Појасот Газа. На средбата со претставници на Хамас, Хамдала рече дека единствениот пат кон државност е преку соработка меѓу двете организации.
Расколот меѓу ривалските палестински фракции се случи во 2007 година, кога Хамас од Газа ги протера силите лојални на Абас. Оттогаш имаше повеќе неуспешни обиди за помирување
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата