Фудбал
29. May 2016 - 10:30

Хал повторно премиерлигаш

Фудбалерите на Хал се вратија во Премиерлигата на Англија, тие во финалниот меч на плејофот во Чемпионшип дивизијата славеа над Шефилд венздеј со 1-0.
 
Хал, сезоната во Чемпионшип, ја заврши на четвртото место, во полуфиналето славеше во двомечот против Дерби каунти, со вкупни 3-2, а во завршниот меч го победи Шефилд венздеј.
 
Натпреварот кој се одигра на „Вембли“ во Лондон го реши Мохамед Дијаме во 72.минута.
 
Екипата на Стив Брус им се придружи на Барнли и Мидлзброу кои претходно се пласираа во Премиерлигата.