Фудбал
1. March 2017 - 16:22

Гвардиола:Раниери брзо ќе најде нов клуб

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е убеден дека доскорешниот тренер на Лестер, Клаудио Раниери наскоро ќе најде работа. Раниери неодамна доби отказ од се уште актуелниот англиски шампион, иако на Лестер минатата година му ја донесе историската прва титула.
 
- И по 50 години луѓето ќе зборуваат за подвигот на Раниери. Тоа што тој го направи со Лестер е неверојатно. Мислам дека нема многу долго да биде без клуб. Начинот на кој Лестер одигра со Ливерпул и убедливата победа е она што го остави Раниери. Сигурен сум дека тој  наскоро ќе добие нова работа и дека ќе му оди многу добро, истакна шпанскиот стручњак.
 
Лестер во понеделникот на првиот меч по отказот кој го доби Раниери, славеше победа над Ливерпул со 3:1