-->
-->
Гвардиола: Веројатно многу личам на Мурињо...Но тој освои три, а јас шест титули во Премиер лигата
-->
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги коментираше споредбите со поранешниот тренер на Челзи и Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо по гестот на Шпанецот на натпреварот со Ливерпул (2:0) во 13. коло од Премиер лигата.
Кога навивачите почнаа да скандираат за отказ на Гвардиола, тој покажа шест прсти на трибините, алудирајќи на шест титули во лигата.
-Се надевам дека не во мојот случај! На крајот, можеби сме доста слични…Но тој освои три титули, а јас шест, изјави Гвардиола за „Гардијан“.
Манчестер сити нема победа на седум натпревари во сите натпреварувања – 6 порази и 1 нерешено. Тимот на Гвардиола се наоѓа на 5. место во поредокот во Премиер лигата со 23 бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон