Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го оцени влијанието на повредите врз резултатите на неговиот тим.
Вчера „граѓаните“ загубија на гостувањето кај Ливерпул (0:2) во 13. коло од Премиер лигата. Манчестер сити го загуби петтиот првенствен натпревар по ред и е без победа во 7 последователни натпревари во сите натпреварувања.
-Немавме претсезонски тренинзи и потоа имавме повреди, но свесни сме за тоа и мора да се справиме со тоа. Се боревме, но не создадовме многу шанси. Како тренер, седам овде и го бранам она што го постигнавме во минатото поради нив [играчите] и повеќе од кога било сакам да ги гушнам и да бидам тука за нив. Мора да ги промениме резултатите и во вистинско време ќе донесеме одлука. Пред натпреварот реков дека не сме во ситуација да размислуваме за нашите цели, но сезоната е долга. Мора да размислуваме за постигнување резултати и кога ќе се вратат некои играчи ќе бидеме подобри и можеби ќе почнеме да си веруваме. Имаме за што да се бориме и ќе се обидеме, изјави Гвардиола.
Манчестер сити по 13 кола е на 5. место во Премиер лигата со 23 бода, 11 помалку од лидерот Ливерпул.
Ново на Сител
-
Од 30 до 35 отсто од луѓето во Македонија имаат проблем со обезност, посочи Таравари
-
И денеска чади депонијата „Краста“ кај кумановското село Пчиња
-
Промовирана студија за врсничкото насилство во училиштата од истражување спроведено во три општини
-
Се одржа заедничка седница помеѓу владите на Македонија и на Унгарија, серија билатерални средби на министрите
-
БДП со стапка на раст од 3,2 проценти во четвртиот квартал лани
-
Кривична пријава за фалсификување сертификат за познавање странски јазик
-
106 санкции за неправилно престигнување во текот на вчерашниот ден
-
Лихвари за 3 години изнудиле 9.715.000 денари од лице во Охрид