Гвардиола подготвен да помогне да се најде нов менаџер на Манчестер Сити

Пеп Гвардиола е подготвен да го советува Манчестер Сити кога клубот ќе почне да бара негова замена како менаџер, јавија германските медиуми.
Шпанецот е во последната година од договорот и според некои информации нема да продолжи со „граѓаните“. Самиот тврди дека се уште не донел конечна одлука дали ќе остане и десетта сезона на „Етихад“.
Кога ќе дојде време двете страни да се разделат, тренерот изрази подготвеност да помогне. Со Сити, Гвардиола освои шест титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите.
-Секако, со врските што ги имам, ако ме прашаат, ќе дадам мислење. Сепак, одлуката ќе ја донесат тие, а не јас. Ќе го дадам своето мислење како пријател, бидејќи доживеавме незаборавни моменти заедно. Сепак, би рекол дека новиот спортски директор треба да го избере менаџерот, изјави Гвардиола.
Шпекулациите за заминување на Гвардиола ги подгреа и фактот што клупскиот директор и долгогодишен пријател на тренерот, Чики Бегиристајн, заминува следното лето.
Манчестер Сити во недела гостува кај Вулверхемптон. Плејмејкерот Кевин Де Бруин и дефанзивецот Нејтан Аке веројатно нема да започнат бидејќи не се целосно закрепнати од повредите здобиени пред паузата за репрезентативни настапи.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
