Гвардиола го пушта „несреќниот“ Сане да си оди

Дури и во добро подмачкана машина како Манчестер Сити има некои детали што кочат. Таков е случајот со една од ѕвездите на тимот, Лерој Сане, кој цела година не може да се разбере со раководството и не потпишува нов договор.
Неговиот сегашен договор е за уште две години, а Баерн Минхен е заинтересиран за него. Играчот му признал на менаџерот Џозеп Гвардиола дека не е среќен на „Етихад“, пишува весникот „Сан“. И тоа ја отвора вратата за трансфер во неговата татковина.
– Очекувам Лерој да остане кај нас. Но има и друго. Клубот му упати понуда пред околу една година, а јас секогаш сум велел дека сакам да располагам само со играчи кои се среќни тука. Тој знае дека сите во клубот ќе сториме се што е во наша моќ да му помогнеме да биде најдобрата верзија на самиот себе. Тоа нема да значи дека местото му е загарантирано, бидејќи располагам со многу квалитетен состав. Желбата да располагам со него во составот постои. Но, во исто време сакам секој мој играч да биде среќен. Ако тој не е среќен тука, тој може да замине, нема да го спречам, рече Гвардиола.
Овие зборови ја отвораат вратата за трансфер во Баерн. Баварците сепак не сакаат да плаќаат трансферна сума од 100 милиони евра, која се бара за потписот на Сане. Во исто време „граѓаните“ не се подготвени да отстапат од неа, па Германците ќе треба да посегнат длабоко, ако сакаат да располагаат со него.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
