-->
-->
Гвардиола без трофеј, Сити не го менува
-->
Пеп Гвардиола што поскоро ќе сака да ја заборави деби сезоната на клупата на Манчестер Сити. Гвардиола сезоната ќа ја заврши без освоен трофеј, испадна во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а сè уште не го има обезбедено ниту пласманот во елитната лига на УЕФА.
Гвардиола и неговиот тим не блескаат сезонава, но нема најави дека тој би можел да биде сменет од функцијата.
Еден од најдобрите тренери на денешницата смета дека доколку бил во иста ситуација во Барселона или Баерн, би добил отказ.
„Притисокот кој тренерот го има во Барселона или Баерн е огромен. Таму мораш да победуваш и немаш друга шанса, без оглед на сè што си направил. Неуспехот не се простува и сигурен сум дека таму по ваква сезона би добил отказ. Сезона без трофеј е нешто на што не сум навикат“, рекол Гвардиола.
Манчестер Сити до крајот на сезоната ќе игра против Вест Бром и Ботофорд и со две победи ќе обезбеди место во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 74-годишник кој подметнал три пожари во тетовско
-
ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати
-
Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија
-
Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа
-
Рубио: Русија изгубила 100.000 војници во Украина од почетокот на 2025 година
-
Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени