Гвардиола: Атлетико на својот терен знае да направи многу проблеми
Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Првата средба во Манчестер заврши со победа на англискиот клуб – 1:0.
– Ќе биде поразличен натпревар од минатата недела. Сега тие се домаќини и ќе ја имаат поддршката од навивачите. На својот стадион прават проблеми, се бранат и напаѓаат. Во однос на минатата недела поинтензивно ќе делуваат во горната половина од теренот. Ќе треба да се прилагодиме. Ако први примиме ќе ни биде многу потешко, но ќе дадеме се од себе да победиме. Доколку ние поведеме, тогаш можеби не ќе делуваме малку подлабоко, изјави Гвардиола.
Натпреварот Атлетико Мадрид – Манчестер сити ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.
Првите два полуфиналисти во фудбалската Лига на шампиони се шпанските екипи Реал Мадрид и Виљареал.
Ново на Сител
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор
-
И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет
-
Владата отвора телефонска линија за барањата и потребите на повредените во Кочани и нивните семејства