Македонија
26. August 2017 - 10:50

Гужва на Богородица, колони возила чекаат за влез во Грција

Продолжениот викенд ја зголеми и фрекфенцијата на возила за влез во Грција. На граничниот премин Богородица утрово има колони возила кои чекаат за влез во Грција. Од АМСМ на Македонија утрово ни изјавија дека има зголемена фрекфенција на возила, но подолги задржувања нема.

„На граничниот премин Богородица е зголемена фрекфенцијата на возила. Нашите последни информации од таму се дека од македонска страна за влез во Грција се чека околу 20 минути“, велат од АМСМ.