-->
-->
Гувернерот на Флорида прогласи вонредна состојба заради бурата Колин
-->
Гувернерот на Флорида, Рик Скот, вчера прогласи вонредна состојба во државата заради тропската бура Колин, која е проследена со поројни дождови и силни ветрови, пренесоа американските медиуми.
Во реонот на заливот Тампа приближно 7.600 домаќинства останаа без електрична енергија. Многу патишта се поплавени. Затворени се училиштата во најмалку еден округ. Властите делат вреќи со песок за жителите да креваат насипи пред своите куќи против очекуваните поплави.
Гувернерот нареди во состојба на зголемена готовност да се стават околу 6.000 резервисти од Националната гарда.
Предупредување за тропска бура е прогласено, исто така, и во државите Џорџија и Јужна Каролина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана