Гувернерот на Џакарта е осуден на две години затворска казна поради богохулење
Гувернерот на Џакарта Басуки Тџахаџа Пурнама, од христијанска вероисповест, осуден е денеска на две години затворска казна врз основа на обвинението за богохулење, шокантната одлука што предизвика загриженост поради растечката врска нетолеранција во Индонезија.
Радикалните исламисти пред судот во Џакарта прославувале извикувајќи „Бог е голем“, откако судот ја донел одлуката гувернерот Пурнама да биде испратен во затвор, што претставува изненадувачки тешка казна, бидејќи обвинителите препорачале условна казна.
Пурнама најави дека ќе поднесе жалба за денешната одлука.
Тој минатата година беше суден по обвинението дека го навредил исламот за време на кампањата за реизбор. За овој случај критичарите наведоа дека е политички мотивиран.
Имено, во Индонезија за богохулење предивидена е максимална затворска казна во времетраење од пет години, а денешната одлука е изненадувачка бидејќи судиите во земјата обично ги следат препораките на обвинителството.
Ново на Сител
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок
-
Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд