Гутереш во својот седумгодишен мандат не видел толку смрт и уништување како во Газа
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека светската организација понудиле да го надгледуваат секој прекин на огнот што ќе се постигне во Газа и побарале крај на „најлошата смрт и уништување“ што ја видел во својот седумгодишен мандат.
Во интервју за АП, Гутереш додаде дека е нереално да се мисли дека ОН би можеле да одиграат каква било улога во иднината на Газа, било да станува збор за управување или за мировни мисии, бидејќи е малку веројатно Израел да го прифати тоа.
-ОН ќе бидат на располагање да поддржат каков било прекин на огнот, рече Гутереш. Обединетите нации уште од 1948 година на Бликсиот Исток ја имаат воената набљудувачка мисија – УНТСО.
-Секако дека ќе бидеме подготвени за што и да побара меѓународната заедница од нас. Единственото прашање е дали страните ќе го прифатат тоа, односно дали Израел ќе го прифати, рече тој
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз