Гутереш: ОН во најлоша финансика криза во изминатите 10 години

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека ОН се наоѓаат во „најлошата финансиска криза“ за речиси една деценија, бидејќи 64 од 193 земји-членки не ги платиле своите годишни придонеси, вклучително и САД, што обично дава најмногу придонеси.
Портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик, рече дека генералниот секретар им пишал на сите членови, велејќи дека „организацијата ризикува да ги потроши своите резерви до крајот на месецот и пропушти во исплати на персоналот и добавувачи“.
До крајот на септември, рече Дижарик, државите членки платија само 70 проценти од вкупната проценка за редовниот буџет, додека во исто време лани платија 78 проценти.
Според ОН, 129 земји платиле 1,99 милијарди долари за оперативниот буџет. Соопштено е дека тие должат 1,386 милијарди долари оваа година.
Покрај САД не платиле Бразил, Иран, Израел, Мексико, Јужна Кореја, Саудиска Арабија и Уругвај. Според ОН, САД должат 674 милиони долари на редовниот буџет за 2019 година и 381 милиони американски долари на претходните редовни буџети.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
