Гутереш: Важно е односите меѓу светските сили да функционираат добро
Состанокот на лидерите на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Русија, САД, Франција, Велика Британија и Кина) може да помогне во регулирањето на односите меѓу водечките сили, кои од неодамна се прекинати, вели генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во ексклузивното интервју за Тасс.
-Мислам дека односите меѓу водечките светски сили беа несоодветни. Многу е важно овие односи да функционирата добро, бидејќи сите ќе имаат корист од тоа, рече Гутереш.
Генералниот секретар, истовремено, истакна дека „поделбата меѓу суперсилите ги врти центрифугалните сили, што доведува до поткопување на мирот во различни региони“.
Претходно, постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небезнја,во интервју за Тасс, кажа дека Москва го потврдила предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за одржување состанок на лидерите на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН и дека се очекува новата администрација на САД да одговори на предлогот.
Ново на Сител
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
