Гутереш: Ситуацијата во Сирија може да излезе од контрола

Генералниот секретар на Обединети нациии, Антонио Гутереш изјави дека стравува оти ситуацијата во Сирија може да излезе од контрола.
- Изразив незадоволство вчера од информациите за употреба на хемиско оружје во Сирија. Јас исто така многу внимателно ја следам ситуацијата во Советот за безбедност на ОН и жалам што до сега не е постигната согласност за тоа прашање, посочи Гутереш.
Тој додаде дека разговарал со претставниците на петте постојани земји-членки на СБ за опасностите од сегашната ситуација.
- Ја потенцирав и неопходноста од се избегнува ситуацијата да излезе од контрола. Да не заборавиме, дека на крај нашите напори треба да бидат насочени кон прекин на страшните страдања на Сиријците, посочи Гутереш.
Претходно, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матисизјави дека е подготвен да му достави на претседателот план за воена акција за Сирија.
- Се уште анализираме податоци на разузнавањето и на нашите сојузници, се уште работиме на тоа. Подготвени сме да обезбедиме воени опции, ако тоа е прифатливо за претседателот доколку се одлучи на таков чекор, изјави Матис.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
