Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика Израел и Иран итно да ги деескалираат тензиите, пренесе ДПА.
– Израелско бомбардирање на ирански нуклеарни објекти. Ирански ракетни напади врз Тел Авив. Доста со оваа ескалација. Време е ова да престане. Мирот и дипломатијата мора да преовладаат, напиша Гутереш на социјалната мрежа „Икс“.
Сепак, и покрај меѓународните апели за запирање на непријателставата, Израел и Иран засега продолжуваат со меѓусебните напади. Ескалацијата почна во четвртокот со израелскиот напд врз иранските нуклерани поостројки, на што Техеран одговори со ракетни удари врз Израел.
Дени Цитринович, виш соработник во израелскиот Институт за студии за национална безбедност, предупреди дека последиците од конфликтот би можеле да бидат доста сериозни.
– Важно е да се нагласи следново: ние сме само на почетокот на конфронтација која веројатно ќе се покаже како сосема поинаква од претходните директни судири меѓу Израел и Иран, изјави Цитринович за „Волстрит џурнал“.
Според него. овој пат кампањата се чини дека е под мотото „сè или ништо“, а последиците би можеле да бидат доста сериозни и за иднината на Иран и за стабилноста на регионот.
Ново на Сител
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади