Гутереш: Нема забрана за учество на антирасистички протести
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска им порача на вработените во светската организација дека не им е забрането да се приклучат на антирасистичките протести кои се одржуваат во САД и останатите земји.
Во писмото, кое има за цел да ги отстрани сите недоумици во врска со упатствата на ОН, Гутереш наведе дека вработените во светската организација не треба да останат неутрални или непристрасни во однос на расизмот.
– Токму спротивното. Не постои забрана за лично изразување солидарност или мирен граѓански ангажман, под услов тои да се спроведат во целосно приватно својство, истакна Гутереш.
Во изминатите две недели во САД се одржуваат протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина од задушување откако полицаец му го притисна вратот со колено.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
