Гутереш ја осуди алчноста на компаниите за нафта и за гас

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш ја критикуваше „гротескната алчност“ на компаниите за нафта и за гас поради рекордните профити што ги остваруваат од енергетската криза на сметка на најсиромашните луѓе во светот. Тој истакна дека е „неморално“ тоа што најголемите енергетски компании во првиот квартал од годинава оствариле комбиниран профит од приближно 100 милијарди долари.
Гутереш ги повика сите влади да ги оданочат овие прекумерни профити и да ги користат даночните средства „за поддршка на најранливите општествени класи во овие тешки времиња“.
Генералниот секретар на ОН го презентираше и извештајот на Глобалната група за одговор на кризи, која ја формираше за да се справи со три меѓусебно поврзани глобални кризи – храна, енергија и финансии, кои особено ги погодија земјите кои се обидуваат да закрепнат од пандемијата со Ковид-19 и да се справат со катастрофалните последици од војната во Украина.
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
