Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во јужен Либан.
Гутереш „остро го осудува нападот“, се вели во соопштение на неговиот портпарол.
Во текстот се нагласува дека според првичните заклучоци на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), кон „сините шлемови“ „стрелале недржавни субјекти, за кои се верува дека припаѓаат на Хезболах“.
Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „сè се чини дека укажува“ дека либанското проиранско движење е одговорно за нападот, во кој беа повредени и тројца војници на УНИФИЛ.
Хезболах негираше вмешаност и изрази изненадување од брзото изнесување „неосновани обвинувања“ против него.
Во меѓувреме, лидерот на движењето, Наим Касем се закани дека ќе одговори на израелските напади во јужен Либан, каде на полноќ во четвртокот стапи во сила прекинот на огнот.
МИА
Ново на Сител
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
