Гутереш: Да го елиминираме нуклеарното оружје пред тоа да не елиминираат нас
– Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, на почетокот на тридневната конференција во Виена, упати апел за нуклеарно разоружување.
На конференцијата учествуваат претставници од околу 80 земји, кои го потпишаа меѓународниот договор за забрана на нуклеарно оружје.
– Да го елиминираме тоа оружје пред истото да не елиминира нас. Сегашниот глобален нуклеарен арсенал од околу 13.000 нуклеарни боеви глави е рецепт за можно уништување на планетата, со оглед на конфликти и недовербата што ја има во светот, наведе Гутереш на Конференција преку видео врска.
Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Петер Маурер го опиша Договорот за забрана на нуклеарното оружје како пресвртница. Договорот, кој стапи на сила во јануари 2021 година, ги обврзува земјите да не се занимаваат со никакви активности поврзани со нуклеарно оружје и повикува да се земат предвид хуманитарните последици.
Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ја истакна итноста за целосно нуклеарно разоружување. Австрија е еден од иницијаторите на Договорот за забрана на нуклеарното оружје, што стапи во сила во јануари 2021 година. Со Договорот земјите се обврзуваат дека нема да се впуштат во никакви активности поврзани со нуклеарно оружје и повикува да се земат предвид хуманитарните последици.
Договорот за забрана на нуклеарното оружје досега е потпишан од 86 земји и ратификуван од 65. Целта е да се надгради Договорот за неширење нуклеарно оружје, што стапи во сила во 1970 година.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода