Гутереш апелира на итно смирување на тензиите североисточна Сирија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска апелираше за итно смирување на тензиите предизвикани од турската офанзива во североисточна Сирија.
Портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик истакна дека генералниот секретар на ОН побарал од сите страни да ги решат своите разлики по мирен пат.
Гутереш изразил и „сериозна загриженост“ поради последиците од евентуалното ненамерно ослободување на борците на екстремистичката Исламска држава, како резултат на воените операции.
Дижарик посочи и дека шестдневните борби „резултираа со голем број цивилни жртви и раселување на најмалку 160.000 цивили.
Тој додаде дека „секоја воена операција мора во целост да го почитува меѓународното право“ и да бидат заштитени цивилите и цивилната инфраструктура.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
