Гутереш: Антисемитизмот се уште е жив

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека антисемитизмот се уште е жив во современиот свет и најави борба против сите манифестации на расизам и нетолеранција.
Гутереш, оваа изјава ја даде во меморијалниот центар на холокаустот „Јад Вашем" во Израел пред да се сретне со израелскиот и палестинското раководство, за да ги охрабри да продолжат со мировниот процес.
- Сметам дека со оглед на ужасите на Холокаустот, антисемитизмот требаше веќе да е мртов засекогаш, рече тој и додаде дека бил шокиран кога слушнал „група неонацисти во една од најразвиените земји во светот да го скандираат нацистичкиот слоган - Крв и земја".
Вчера Гутереш пристигна во тридневна посета на Израел и на палестинските територии.
На состанокот во Ерусалим, израелскиот претседател Реувен Ривлин го повика генералниот секретар да стави крај на односот што се демонстрира кон Израел во некои институции на ОН, опишувајќи го како „дискриминација“.
Гутереш рече дека е посветен на третирање на „сите земји подеднакво". Тој ги опиша како „манифестација на современ антисемитизам" повиците за уништување на Израел, но во исто време изјави дека не секогаш се согласува со политиката на Израел.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху му рекол на Гутереш дека Иран гради во Сирија и Либан објекти за производство на ракети со прецизно насочување, со цел да ги искористи против Израел.
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
